Ковачевски – Брнабиќ: Дополнителен развој на добрососедските односи меѓу Македонија и Србија

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Белград, оствари средба со претседателката на Владата на  Република Србија, Ана Брнабиќ.

На средбата присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Премиерите Ковачевски и Брнабиќ го поздравија одличниот развој на билатералните односи и констатираа дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, како и неговата европска интеграција се засновани на добрите билатерални односи, поради што од исклучителна важност е двете земји континуирано да работат на истите и успешно да ги надминуваат сите разлики.

На средбата беше направен пресек на актуелните и претстојните активности и проекти меѓу двете земји, со акцент на економски и инфраструктурен план.

Дел од меѓусебните заложби за засилување на соработката е и денешното потпишување на „Меморандумот за соработка за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси“.

Овој Меморандум е уште една можност, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, да се овозможи брз транспорт на стока, не само низ земјите во Западен Балкан, туку и кон земјите членки во ЕУ.

На средбата се разговараше и за претстојните активности за проширување на инфраструктурната соработка, со конкретни планови и активности во следниот период.

Премиерот Ковачевски го поздрави одржувањето на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, со кој го промовираме нашиот вински потенцијал и квалитет.

Премиерите разговараа и за одржувањето на специјализираната меѓународна изложба ЕКСПО 2027 во Белград, на која ќе биде соодветно претставена и Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…