Ковачевски: Во понеделник почнува со работа уште еден енергетски капацитет
Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички.
Ковачевски најави и дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.
-Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.
Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата и додаде дека скопјани треба да бидат спокојни бидејќи ќе имаат парно во грејната сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Божиновска: Многу неправилности во енергетскиот сектор
Состојбата со енергетскиот сектор е катастрофална, истакна…
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…