Ковачевски: Го следиме движењето на цените

t

По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија.

Од Владата најавија нови антикризни мерки во најкус можен рок по донесувањето на ребалансот на Буџетот. Мерките, како што појаснија, ќе бидат потаргетирани и во согласност со последните препораки на меѓународните финансиски институции.

Од Министерството за финансии вчера информираа дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за субвенции за земјоделците.

– Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок,  наведоа од Министерството за финансии.

Оттаму појаснија дека со ребалансот, и покрај одреденото проширување на дефицитот, тој сепак е под нивото во 2021 година и значително под нивото од кризата 2020 година.

И премиерот Димитар Ковачевски на гостувањето на телевизија Канал 5 потврди дека мерките ќе бидат насочени кон оние на кои им се најпотребни. Порача дека ќе бидат навремено подготвени и презентирани со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните. Откри дека ќе бидат дизајнирани така што дел ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе бидат редизајнирани.

– Ние ги следиме трошењата, ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци, а други во текот на пролетните, летните, есенските месеци. Така што, согласно движењата и побарувачката, мерките ќе бидат како и досега навремено подготвени и презентирани со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Меѓутоа, повторувам, тие сега ќе бидат потаргетирани и ќе  можеме да ги насочиме кон оние кои што најмногу им се потребни, истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…