Ковачевски денеска на средба со Антонио Гутереш во Њујорк
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Њујорк, ќе се сретне со Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, информираат од Владата.
Според агендата предвидена е и средба на премиерот Ковачевски со Џесика Луис, помошник-државен секретар во Бирото за политичко воени работи во Стејт департментот.
Премиерот Ковачевски е поканет и денеска ќе присуствува на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам.
Во рамките на посетата на Њујорк, изминативе денови премиерот Ковачевски учествуваше и се обрати на Самитот за трансформација на образованието, на состанок по повод 30 години од Декларацијата за права на малцинствата и одржа предавање на Колумбија Универзитетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
ОН: Човештвото доживува климатски колапс
Рекордно високите температури треба да послужат како…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…