Ковачевски денеска повторно на средба со Агелер: ЕУ е нашата единствена алтернатива

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

-На денешната средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна.

Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

ЕУ е нашата единствена алтернатива. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…