Ковачевски закрои лозје: Македонското вино е она по што нè препознаваат во светот

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозје по повод празникот Свети Трифун.

– Македонското вино е она по што нè препознаваат во светот. Денеска, кога со традиционалното закројување на лозјето го одбележуваме празникот на лозарите, Св. Трифун, со гордост можам да потврдам дека како одговорна Влада успеавме оваа земјоделска гранка да ја развиеме и да го направиме препознатливо нашето македонско вино.

Вложуваме во секое зрно грозје, во секој род и секоја година одново се надеваме на уште породна и поуспешна година.

Веќе трета година по ред бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Ги стимулираме малите семејни винарии, и оваа година обезбедуваме грант од 10.000 евра, државна помош за да инвестираат во своите бизниси.

Дополнително, за прв пат ги помагаме и малите дестилерии со грант од 5.000 евра, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување.

Да се радуваме на празникот Св. Трифун уште многу години и да го празнуваме овој ден во духот на традицијата насекаде низ нашата држава каде што се негува виновата лоза. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…