Ковачевски за Прочка: Големината на чоевкот е во простувањето
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое лично име, упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, Г.Г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите православни верници кои го празнуваат празникот.
„Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин.
Меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности. Нека е честит и за многу години празникот”, вели премиерот Ковачевски во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…