Ковачевски им го честиташе на новинарите изборот на претседател и раководство на ЗНМ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска им го честиташе на новинарите изборот на претседател и раководство на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кои беа избрани викендов.
– На новинарите Ви честитам на изборот на претседател и раководство на ЗНМ којшто се случи викендот и Ви посакувам да Ви се остварат сите програмски определби кои ги имате разговарано, рече Ковачевски, на почетокот на денешната прес-конференција во Владата.
Во саботата, на Годишното собрание на ЗНМ, Младен Чадиковски беше реизбран за претседател на Здружението, а беа избрани и членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и членови на Советот на честа. За членови на Управен одбор, меѓудругото, беа избрани и двајца медиумски работници од Медиумска информативна агенција (МИА).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…