Ковачевски и Груби ќе положат цвеќе во Куманово по повод “11 Октомври – Денот на народното востание”
По повод одбележувањето на државниот празник 11-ти Октомври – Ден на народното востание, Владата на Република Македонија, утре пред Спомен – костурницата во Куманово организира централен свечен настан за одбележување на државниот празник под мотото „Секогаш на вистинската страна“. Дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и Прилеп.
Централниот настан во Куманово, започнува со положување свежо цвеќе на Спомен – костурницата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а е составена од Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Потоа, настанот продолжува со културно уметничка програма на платото пред Спомен – костурницата и со обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, предвидено за 10:45 часот.
Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во состав на Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана во 11:15 часот ќе положат свежо цвеќе на споменикот на ,,Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Македонија, по што вицепремиерката Грковска ќе даде изјава по повод празникот.
Како дел од чествувањето на празникот 11-ти Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп со почеток во 9:30 часот пред споменикот „Методија Андонов – Ченто“.
Во состав на оваа владина делегација се Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили, директор на Агенцијата за развој на земјоделство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…