Ковачевски и партнерите не дадоа изјава по средбата, премиерот на Фејсбук напиша дека зборувале за европската иднина
Реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата, како и имплементацијата на владината програма, биле дел од темите за кои премиерот Димитар Ковачевски разговарал на работната вечера во Клубот на пратеници со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии од владејачката коалиција.
Изјави по средбата немаше, а за тоа што се разговарало, премиерот Ковачевски информираше преку седум фотографии и една реченица на „Фејсбук”:
-Во пријатна атмосфера разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата, напиша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…