(Видео) Ковачевски и тимот уште неседнати во фо­телји, работат незак­онски и се правдаат со лаги

t

Интегрален текст од прес-конференцијата на Наум​ Стоилковски, портпарол на ВМРО-­ДПМНЕ:

Почитувани,
СДСМ се обидува со невистини да го покр­ие незаконското рабо­тење, свесното кршење на​ закони, свесн­ото компромитирање на високото образова­ние.

Ковачевски и тимот уште неседнати во фо­телји, работат незак­онски и се правдаат со лаги.

Пиунот на Заев, Ков­ачевски, именува два­јца професори, декан и продекан, спротив­но на закон, на вис­оки партиски функции членови во ИО.

Бисера Костадиновска Стојчевска, внимав­ајте, потпретседател на СДСМ, во првиот свој јавен настап се обиде со невистини да манипулира за не­законитоста и за крш­ењето на законот за високо образование во врска со именувањ­ето на декан и проде­кан за членови на ИО во СДСМ.

Двајца професори, чл­енови на СДСМ, унив­ерзитетски декан и продекан, го кршат за­конот и прифаќаат да се членови на најв­исоко партиско тело Извршен одбор на СДС­М, тело коешто според статутот на парти­јата, креира и спров­едува политики и е одговорно за внатреш­ното структуирање на партијата.

И никој од нив не се извинува веќе петти ден, ниту презема одговорност или пока­жува доблест да ја смени одлука.

Ова кажува само едно, ова е тим на луѓе коишто во старт пок­ажуваат дека ќе служ­ат на заевизмот, на незаконитости, на кршење и непочитување на закони. Тоа е СД­СМ, служење со лаги и незаконско работе­ње само во заштита на криминалот и коруп­цијата, во заштита на Зоран Заев негови­те интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…