Ковачевски и Тренчевска демантираат: Не се укинати средствата за децата со Даунов синдром
По жестоките реакции на родителите и јавноста, дека на дел од децата со Даунов синдром им се укинати посебните средства од државата, поради условите во новиот правилник кој е на сила од јануари годинава, министерката за труд и социјала, Тренчевска објасни дека се работи за 8 деца од вкупно 121 кои немале комплетна медицинска документација и имаат негативен наод при преглед од Комисијата за проценка. Но, вели се прават напори да се обезбеди парична помош и за овие деца
– При посетата на Комисијата за проценка на функционалноста , кај 8 деца е даден негативен наод. Министерството стапи во контакт со овие деца и Комисијата за проценка да се направи повторен увид и да се даде повторен наод, рече министерката Јована Тренчевска.
Тренчевска вели дека не е укинато ниту едно право на лицата и децата со попреченост, напротив воведени се нови услуги и се зголемени средствата наменети за нив.
И премиерот Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање демантираше дека е укинат додатокот од 6000 денари за дел од децата со Даунов синдорм, тврдејќи дека станува збор за шпекулација.
Дел од родителите на овие деца деновиве добиле решенија дека се одбиени за надомест од државата, затоа што според новиот Правилник не може да се направи целосна процена за нивната интелектуална попреченост, на што следеа лавина реакции дека во држава во која луѓе со години земаат плата, а не одат на работа, пратеници земаат астрономски суми за патни трошоци, а функционерите за време на економска криза си ги зголемија своите примања за 78 проценти, државниот Буџет се штеди за најранливата категорија, децата со Даунов синдром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…