Ковачевски и Тренчевска демантираат: Не се укинати средствата за децата со Даунов синдром

t

По жестоките реакции на родителите и јавноста, дека на дел од децата со Даунов синдром им се укинати посебните средства од државата, поради условите во новиот правилник кој  е на сила од јануари годинава, министерката за труд и социјала,  Тренчевска објасни дека се работи за 8 деца од вкупно 121 кои немале комплетна медицинска документација и имаат  негативен наод  при преглед од  Комисијата за проценка. Но, вели се прават напори да се обезбеди парична помош и за овие деца

– При посетата на Комисијата за проценка на функционалноста , кај 8 деца  е даден негативен наод. Министерството стапи во контакт со овие деца и Комисијата за проценка да се направи повторен увид и да се даде повторен наод, рече министерката Јована Тренчевска.

Тренчевска вели дека не е укинато ниту едно право на лицата и децата со попреченост, напротив воведени се нови услуги и се зголемени средствата наменети за нив.

И премиерот Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање демантираше дека е укинат додатокот од 6000 денари за дел од децата со Даунов синдорм, тврдејќи дека станува збор за шпекулација.

Дел од родителите на овие деца деновиве добиле решенија дека се одбиени за надомест од државата, затоа што според новиот Правилник не може да се направи целосна процена за нивната интелектуална попреченост, на што следеа лавина реакции  дека во држава во која луѓе со години земаат плата, а не одат на работа, пратеници земаат астрономски суми за патни трошоци, а функционерите за време на економска криза си ги зголемија своите примања  за 78 проценти,  државниот Буџет се штеди за најранливата категорија, децата со Даунов синдром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…