Ковачевски: Левицата е распарчена на четири дела
Поранешниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во Ноќно студио на 4ТВ говореше за позицијата во која се наоѓа партијата по последните изборни резултати.
Тој рече дека СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање на релевантноста.
Ковачевски посочи дека изборниот резултат во урбаните средини е алармантен сигнал за новото раководство. Според него, партијата во големите градови завршила на третото или дури четвртото место, што е историски низок резултат.
-Во Скопје веќе не се враќаме од второ место на прво. Сега се враќаме од четврто или петто место кон врвот. Тоа значи дека пред ова раководство има огромна работа во креирање политики и анимирање на членството – истакна тој.
Како една од главните причини за ваквата состојба, Ковачевски ја наведе поделеноста на политичкиот простор кој традиционално му припаѓаше на СДСМ.
Притоа, тој објасни дека гласачкото тело на левиот центар сега е поделено меѓу четири различни политички субјекти: СДСМ, Левица, ЗНАМ и ЛДП.
-Сите овие партии адресираат еден ист политички простор. Центар-лево е фрагментиран простор на кој ќе треба многу да се работи, особено на идеолошкото поставување – посочи тој.
Според него, социјалдемократите се наоѓаат пред период на длабока реформа. Тој смета дека за враќање на СДСМ на повисоките места на политичката сцена не е доволна само механичка работа на терен, туку суштинско редефинирање на партиската идеологија за да се обедини распарченото гласачко тело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…