Ковачевски: Левица е закана за европскиот пат – Мицкоски е слаб лидер без визија и став

t

Придобивките од ЕУ се големи и значат сигурна иднина, подобар живот и побогати млади, кои својот живот ќе го градат дома во својата земја и затоа се што правиме денес, правиме за нашите млади утре, порача вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кочани, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Но, на нашиот европскиот пат има голема и реална опасност. Тоа се Левица и Димитар Апасиев. Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека Левица ги имаат целосно земено како заложници ВМРО-ДПМНЕ и нејизниот лидер Христијан Мицкоски, кој, како што рече, е слаб, без визија и без став.

– Левица со своето дејствување стана десница, а Мицкоски е во паника и само гледа да не заостане зад нив, додаде Ковачевски.

Според него, токму затоа Мицкоски гордо вели дека е континуитет на Ванчо Михајлов и блокира закони во Собранието среде криза и 100 милиони евра помош за државата.

– Мицкоски веќе не гледа што е добро за државата и граѓаните, гледа само како да не заостане зад Апасиев. Ова е реална закана за земјата, да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро, но ќе си легнете гласни и сами навечер, непризнаени и осамени. Па погледнете што се случува во Скопје, во главниот град, го заглавија комплетно, потенцира Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…