Ковачевски, Маричиќ и Османи на вечера со Агелер и Ескобар
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ вечерва беа на работна вечера со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Фотографиите ги објави министерот Османи, со куса изјава: „Работна вечера со Габриел Ескобар“ .
Ескобар е во дводневна посета на Македонија, а таа беше најавена откако почна процесот за уставни измени со кои Бугарите треба да се внесат во уставот.
По собраниската расправа за предлог амандманите за измени на Уставот, собранискиот спикер талат џафери ја прекина седницата, бидејќи немаше обиезбедно двотретинско мнозинство за нивно усвојување.
Американскиот заменик-помошникот државен секретар вчера се сретна со претседателот Стево Пендаровски. За денес во 10.45 часот е најавена заедничка прес конференција со премиерот Ковачевски, а на пладне тој треба да се сретне со Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангела ја направи потребната операција – Благодарност…
Ангела ја поминала успешно операцијата, информира таа…
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Ангела ги собра потребните пари…
Ангела Нацева објави прекрасна вест, средствата кои…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…