Ковачевски му посочил на Тупанчески да земе пример од германското законодавство при изработка на новиот Закон за здруженија и фондации

t

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција уште еднаш рече дека го осудува формирањето здруженија што се именуваат по личности поврзани со, како што рече тој – најмрачното минато во Европа – фашистичкиот режим на Хитлер, затоа што ги повредуваат чувствата на македонските граѓани и ги нарушуваат односите со Бугарија.

-Како што го осудив формирањето на здружението во Битола, како што го осудив формирањето на здружението во Охрид, го осудувам и секое друго здружение кое се прави со намера да внесе раздор во односите коишто ги има Македонија и Бугарија, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за информација дека до Централниот регистар е стигнато барање за формирање ново бугарско здружение со име цар Фердинанд.

Според Ковачевски, Македонија веројатно има најлиберален закон за регистрација и основање здруженија на граѓани и организации и дека уште кога се појавило првото здружение со спорно име разговарал со министерот за правда и веќе се подготвува нов закон за здруженија и невладини организации.

Ковачевски дури му посочил на Тупанчески да земе пример од германското законодавство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…