Ковачевски најави намалување на цените на храната!

t

 Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на  трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Велес најави намалување на цените на основните прехранбени производи.

– Со последната мерка на Владата обезбедивме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10 посто намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит, порача Ковачевски.

Државната каса, како што рече тој, е на граѓаните и затоа, нагласи, тие пари се трошат за нив.

– Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го заштитивме стандардот, има доволно храна, енергија, струја, парно. Штедиме и не се расфрламе со парите, но затоа има за се, така работи Владата, државната каса е на граѓаните, тие ја полнат, тоа се нивни пари и затоа се трошат за нив, рече Ковачевски.

Според него, резултатите од антиктизните мерки се веќе видливи.

– Ја спасивме македонската економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка. Само со вториот пакет речииси 200.000 граѓани добиваат поддршка која ќе продолжи и во следните месеци. Со дури 80% од субвенциите за цената струјата за сите домаќинства и за 72.000 мали потрошувачи, сметките на граѓаните се за пет пати помали. 365 основни, 109 средни училишта и здравствените установи  добиваат поевтина струја. 518 субјекти директно се поддржани од Владата, за да имаме непречено одвивање на наставниот процес, учениците да имаат топли училни а граѓаните непречено да ги добиват здравствените услуги истакна Ковачевски.

Целта на Владата, потенцира Ковачевски, е конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме, да го зголемиме животниот стандард и следната година да биде подобра од оваа.

– Имаме добра основа за тоа. Предвидувањата на ЕБОР се дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто.  Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти. Нема недостижна цел, со многу работа со посветенот и реализација на економскиот план, следната година ќе биде година на економска пресвртница. И ова е одговор на едно од прашањата што ми беа поставени. Тоа ќе го постигнеме со реализација на политиките за инвестиции, со нови добро платени работни места, со инвестиции во капитални проекти и со енергетска транзиција со која ќе станеме зелен европски центар, истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…

Замрзнатите цени на храната продолжени до 29…

Од Владата информираат дека на денешната владина…

Сите кои моментно се наоѓаат кај Беровско…

ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои…