Ковачевски на средба со поранешните лидери на СДСM

t

Претседателот на СДСМ во оставка Димитар Ковачевски организирал состанок со неговите претходници, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски за да разговараат за внатрепартиските избори за ново раководство, објави Сител.

На средбата која се случила пред десетина дена се разговарало како да се спречат грешките од претходните избори, но и што би требало да биде главна цел на новото раководство. Првична цел според поранешните лидери на новото раководство треба да бидат локалните избори следната година со фокус на општините во кои може да се оствари позитивен резултат, а втора и поважна цел следните парламентарни избори.

Изборите за ново раководство во СДСМ се закажни за 30 јуни, а засега интерес покажаа повеќе членови меѓу кои и Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Виктор Божиновски а се уште размислуваат и Стефан Богоев, Шилегов и Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…