Ковачевски-Нехамер: Се очекува полноправно членство на Македонија во ЕУ до 2030 година!
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор беа и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување, информираат од Владата.
Премиерот Ковачевски истакна дека Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.
Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.
Беше изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…