Ковачевски не го вади Апасиев од уста: Тој е агент на хаосот, Мицкоски секое утро кога се буди чита што напиша Апасиев!

t

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од партиски настан во Велес повтори дека на европскиот пат на земјава има сериозна закана – Димитар Апасиев, лидерот на Левица, која има двајца пратеници во Собранието. Ковачевски го нарече Апасиев „агент на хаосот“.

-Најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев.Тој е агент на хаосот. Тој верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него. Неговата цел е да запали оган за луѓето да се стоплат и да заборават дека горат нивните чевли. Еве каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската криза и фрустрацијата ги очајуваат луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса. Во руралните средини, меѓу младите, дури и меѓу средната класа кои се борат под кризата на трошоците за живот. Не се лажете – тој станува посилен, додаде Ковачевски.

Според него, причината што Апасиев е посилен е тоа што „Мицкоски е послаб“.

-Мицкоски секое утро кога отвора очи, прво што прави – проверува во телефонот што кажал претходната вечер Апасиев, па водејќи се од тоа во Белата палата под судска заплена, дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден. Да не е случајно ВМРО-ДПМНЕ помалку екстремна од Левица за да не им пребега некој член во партијата на Апасиев. Затоа Мицкоски еден ден вика дека ја поддржува ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на Европската Унија. Човек без визија заедно со пироман со визија за хаос. Додадете го во мешавината Груевски, кој под неговото 11-годишно владеење, земјата беше блокирана во Европа – и тука е совршената бура. Резулатот од тоа може да биде закочена интеграцијата во ЕУ, заклучи Ковачевски во говорот пред членовите на СДСМ од Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…