Ковачевски: Не сакаме да бидеме во друштво на Косово и БиХ за влезот во ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Македонија не сака да биде во друштво на Косово и Босна и Херцеговина за влезот во ЕУ.
-Единаесет години видовме што донесе чекањето. 2008 година ние имавме решение со Грција кое што тогашната влада не го прифати, после 11 години добивме решение кое што беше полошо од тоа во 2008 година. Сега имаме чиста преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, се преговара на македонски јазик, се преведува европското законодавство на македонски јазик. И сега е моментот кога постои заеднички интерес и од страна на САД и од страна на ЕУ за продолжување на европската интеграција до 2030 година Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, рече премиерот.
За ова, додава Ковачевски, не постои алтернатива. Не смееме да дозволиме Албанија, Србија и Црна Гора да отидат пред нас, бидејќи во тој случај остануваме со Босна и Херцеговина и со Косово.
-Ние не сакаме да бидеме во тоа друштво. Тоа се две држави коишто се уште не ги решиле своите основни прашања на уредување на државите. Јас не сакам нашите деца, државата на нашите деца да се најде во такво друштво во поглед на регионалните и европските интеграции. Затоа сега е време да се донесат одлуките, посочи Ковачевски..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Бугарија останува со најниски цени во ЕУ
Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…
Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…
Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…
Европската комисија контактирала со Министерството за образование…