Ковачевски објасни зошто Македонија не ја поддржа Резолуцијата за Газа во Обединетите нации
Премиерот Ковачевски денеска објасни зошто Република Македонија гласаше воздржано во Обединетите нации во врска со Резолуцијата за Газа.
– Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на Јорданската резолуција, почитувањето на меѓународното хуманитарно право и неопходноста во заштитата на цивилите и нивниот пристап до храна, струја и вода. Но Резолуцијата не го споменува терористичкиот акт на Хамас кој ние го осудивме и го поддржавме правото на Израел да се брани. Гласавме воздржано затоа што Резолуцијата ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме, но отсуството на осудата на нападот на Хамас не остава простор за друго гласање. Треба да се продолжат напорите на меѓународната заедница за заштита на цивилите, голем број на држави постапија како што постапи нашата држава. Амбасадорот Фрчкоски го доби ставот од МНР, а МНР е дел од Владата, истакна Ковачевски.
Во продолжение како гласа останатите држави:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc
Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…