Ковачевски: Од нас зависи европската иднина на младите
Предвремени избори не се поврзани со уставни измени, тоа нема ништо заедничко, ние имаме стабилно мнозинство, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостување во Тема на денот на Сител ТВ.
-Самиот Мицкоски кажа дека работел на поголемо мнозинство, но со гласањето за Пенов се покажа дека со 64 ние го имаме мнозинството во Собранието, кажа Ковачевски.
Премиерот, зборувајќи за лидерската средба, кажа дека од нас зависи дали за младите генерации ќе биде обезбедена европска иднина што поскоро, уште во 2030 година.
-Мнозинството партии што присуствуваа се за отпочнување и завршување на уставни промени и тоа е работа на Собранието. Тоа мнозинство е потребно за граѓаните на државата. Процесот на евроинтеграција не е процес на една партија, тоа е наследство уште од нашите предци, кои пред 30 години одлучија за самостојна држава.Доминантниот број на политичките партии се за уставните измени, кажа Ковачевски.
Тој додаде дека понудил заклучоци кои се однесуваат на европскиот пат на државата, што вклучуваат насочување на ресурси за што побрзо завршување на скринингот, Собранието да биде редовно информирано за процесот и доследно придржување до заклучоците што ги изгласа Собранието за европскиот предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…