Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа ЗА, гласањето ПРОТИВ со себе носи последици за иднината

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од Неготино ги повика граѓаните на изборите на 8-ми мај да гласаат ЗА европска Македонија, а не со глас ПРОТИВ да се обидат некого да казнат, бидејќи тоа носи последици и ризик за иднината на државата.

„Со гласањето ПРОТИВ одредена партија се создава илузијата дека некој некого казнува. Но, гласањето ПРОТИВ е со краткорочен ефект, кој со себе носи опасност од долгорочни последици за иднината на Македонија. Затоа, Македонија конечно треба да гласа ЗА! Ве повикувам, на 8-ми мај да излезете, да гласате и да ја дадете вашата поддршка за европската иднина. Имаме должност и обврска да обезбедиме европска иднина за нашите деца”, рече Ковачевски.

Тој истакна дека гласот ПРОТИВ значи и враќање во минатото, во времето на 11-годишното владеење на Никола Груевски, бидејќи Мицкоски не е ништо друго освен копија на својот претходник, со адреса на живеење во Будимпешта.

„Со гласот ЗА обезбедуваме подобри услови тука, дома. Гласот ЗА Стево Пендаровски, СДСМ и коалицијата значи подобро утре и подобра иднина. Гласот ЗА е глас за вас, за нас, за вашите блиски, вашите деца, внуци. Гласањето ЗА е глас за европска Македонија. Ние не инвестираме во жални врби, фонтани и стиропор. Ние инвестираме во иднината, инвестираме во Македонија како пристојно место за живеење за сите”, порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека кандидатите за пратеници на Коалицијата за европска иднина секојдневно се на терен меѓу граѓаните за да ги чујат нивните проблеми и критики. Ги повика оние граѓани кои одлучиле да не гласаат на 24-ти април, да излезат на 8-ми мај и да ја поддржат европската иднина на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пожар изгоре штала на коњичкиот клуб…

Во пожар изгорела штала од коњички клуб…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…