Ковачевски, Османи и Петровска честитаа годишнина од членството во НАТО: Македонија е дел од сојуз кој го гарантира територијалниот интегритет и сигурност

t

Пред точно две години остваривме една од нашите стратешки цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.Според Ковачевски, да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите цивилизациски стандарди.

– Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука. Во овие неизвесни времиња, кога целиот свет се грижи иднината и безбедноста, Северна Македонија е дел од најмоќниот воено политички сојуз кој го гарантира нашиот територијателен интегритет и сигурност, објави Ковачевски.Членството во Алијансата, како што наведува, е многу повеќе од гарантирана безбедност и заштита на нашите граѓани.

-Да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите стандарди на цивилизираниот свет како заштита на човековите права, солидарност меѓу народите и унапредување на демократијата. Како членка на НАТО ќе продолжиме активно да учествуваме во сите активности на Алијансата и да го градиме сојузништвото со нашите партнери. Оваа определба значи долгорочен развој за нашата земја и сигурна иднина за нашите деца, наведува Ковачевски.

Денес, додава премиерот, се потсетуваме дека одлуките кои владата на СДСМ ги донесе беа, како што напиша, визионерски и во најдобар интерес на граѓаните.-Со храбри и одлучни чекори продолжуваме понатаму зашто политката е лидерство и одговорност за иднината на сопствените граѓани, пишува Ковачевски.

По повод две години членство во НАТО денеска фејбсук објави напишаа и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…

Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…