Ковачевски остро: Етничката припадност не е професија

t

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски не стравува дека дополнително ќе се зголеми бројот на министри Албанци во владиниот кабинет.

-Не стравувам по било кој основ во врска со било кој човек. За мене сите луѓе се исти и пред закон и пред критерум за оценување на нивната професионалност. За мене етничка припадност не е професија. Ние имаме исклучително квалитетни луѓе кои се Македонци, Албанци, Власи, Турци и сите кои живеат овде и сите тие го дале својот придонес за унапредувањето на државата од независноста до денес. Ние денес сме земја-членка на НАТО, почнавме преговори со ЕУ и она што е важно и треба да сме горди, држава која во минатото беше дел од преговори по разни преговарачки маси, во саботата бевме државата на која ѝ се даде довербата да ги организираме преговорите меѓу Србија и Косово, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…