Ковачевски: Пензиите ќе бидат покачени до ниво на мининална плата, а платата ќе биде историски највисока

t

Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари, најавува премиерот Димитар Ковачевски.

– Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме со мерката за субвенционирање на електричната енергија. За пензионерите со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка.

Минималната плата ќе биде биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари. Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор. Буџетот на нашата држава ги исполнува целите за кои е направен, како што се обезбедување на фискална, економска, макроекономска и монетарна стабилност. Носиме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на сите наши граѓани, напиша Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…

Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…