Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција
„Иднината на Македонија е во Европската Унија, во друштво на развиените западни демократии. Затоа, подаваме рака на сите прогресивни и проевропски сили за идна соработка и повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај. Мора да одиме напред, не смееме да дозволиме враќање назад, во немири, внатрешни поделби и конфликти”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Струмица.
Тој ги повика граѓаните да гласаат за европска и сигурна иднина во Македонија и да не дозволат државата да се врати во авторитарното владеење на ВМРО ДПМНЕ.
„Ние за разлика од нашите политички противници, не инвестираме во жални врби, фонтани и стиропор. Ние инвестираме во иднината, инвестираме во креирањето на Македонија во убава и пристојна земја за живеење. Гласот ЗА СДСМ е глас за вас, за вашите блиски, вашите деца, внуци. Гласањето ЗА е глас за европска Македонија”, истакна Ковачевски.
Поддршката од ЗНАМ за кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, Ковачевски ја оцени како јасен доказ дека СДСМ е единствена социјалдемократска и прогресивна политичка опција во државата.
„Маските паднаа! Јас постојано говорев дека тој политички субејкт е направен единствено за лична корист и заради поддршка на ВМРО–ДПМНЕ. Но ние нема да дозволиме ниту ВМРО, ниту ЗНАМ, ниту кој било друг да си игра со нашата иднина и иднината на нашите деца. Немаме никакво право нив да им го ускратуваме она што го имаат нивните врсници низ Европа. Имаме историска должност и обврска да обезбедиме европска иднина за нашите деца!”, потенцираше Ковачевски.
Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8 мај масовно да излезат на гласање и да ја поддржат европската иднина на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…