Ковачевски повикува на единство за членство во ЕУ: Целта е да станеме членки до 2030 година
Премиерот Димитар Ковачевски денеска повика на единство за членство во Европската Унија, додавајќи дека сѐ е во наши раце.
На заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот рече дека некои одлуки треба да се донесат поради сите граѓани во државата.
– Без оглед на партиската припадност мора да има конструктивност во име на граѓаните и единството. Имаме многу проблеми како држава, на старт на преговорите сме и имаме јасно поставена цел – членство во ЕУ до 2030 година. Цел која е можеби преоптимистичка, но и не невозможна – рече Ковачевски.
Тој во обраќањето кажа дека ниедно политичко прашање нема да му го одвлече вниманието од евроинтеграциите.
– Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда – потенцира Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…