Ковачевски, Рама и Вучиќ ќе потпишат договор за безбедност на храната
Лидерите на Отворен Балкан ќе потпишат договор за безбедност на храната.
Лидерите на земјите од иницијативата Отворен Балкан, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Дмитар Ковачевски и Еди Рама, во петок на самитот во Белград ќе потпишат договор со кој ќе се регулира соработката на полето на безбедност на храната, соопшти Министерството за земјоделство.
Двата најважни дела од тој документ ќе се однесуваат на гаранциите дека Србија, Македонија и Албанија ќе имаат приоритет во меѓусебната размена на основните прехранбени производи, така што населението во тие земји ќе има доволно храна во кризни ситуации, како и механизми за спречување на повторен извоз на храна на други и трети пазари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…