Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во „Тема на денот” на телевизија Сител, порача дека низ годините СДСМ докажа дека е силна партија и стожер на демократијата во државата.
„СДСМ е стожерната партија на градењето на демократијата, на градењето на демократските процеси во државата. Благодарение на нас, на СДСМ, станавме земја членка на НАТО и земја која што ги отвори преговорите со ЕУ, претседававме со ОБСЕ една година и бевме домаќин на преговори помеѓу други две држави кои што имаат нерешени прашања помеѓу себе. Ние станавме за 7 години од заробена држава слободна демократска држава која што стана фактор на стабилност на Балканот”, рече Ковачевски, додвајќи дека истовремено единствената политичка опција која што е за градење на функционално мултиетничко општество во Македонија, останува СДСМ.
Во интервјуто, Ковачевски порача дека СДСМ подава рака на сите прогресивни граѓани кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ и дека тоа се гласачи кои традиционално гласаат за прогресивна СДСМ. Ковачевски истакна дека правилните прогресивни одлуки мора да продолжат заради обезбедување подобра и европска иднина.
„Ние сите повторувавме дека без разлика на личниот рејтинг или партискиот, овие одлуки треба да се носат. Исто како што Киро Глигоров ја носеше одлуката за влез на Македонија во ООН, исто како што се носеше одлуката за влез во НАТО, исто како што се носеше одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Од временска дистанца тоа се одлуките кои носат бенефит за граѓаните”, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…