Ковачевски: Секој функционер што не пријавил имот треба да биде санкциониран! ВМРО-ДПМНЕ да си погледне во сопствениот двор

t

 Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува. Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок, треба да бидат санкционирани согласно со законот и согласно со процедурите и законите врз основа на коишто работи ДКСК. И од тоа никој никогаш не добил заштита, ниту од мене, ниту од кој било член на Владата, бидејќи се што е предвидено согласно со закон треба да биде изречено како санкција, рече денеска на седницата за пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на прашањето на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, „зошто ги штити функционерите кои имаат непријавен имот“ и дали тој самиот има непријавен имот.

– Второ ме прашавте за мене. Еднаш ви одговорив, се што јас поседувам го имам стекнато низ 22-годишна кариера во приватниот сектор. Се што сум работел можете да најдете во секоја биографија што е објавена и сето тоа е пријавено во ДКСК., рече Ковачевски кој додаде дека поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација”, Златко Перински беше фатен како мести тендер. Јас тогаш кажав и сега кажувам – врз основа на сите закони во државата, јас побарав од адвокати да постапат во согласност со сите законски одредби во тој дел и поднесено е барање до пратеникот кој јавно зборуваше по прес-конференции невистини да се извини, во спротивно постојат закони за тоа што го зборуваше, да го докаже на суд, а исто така на мое барање, до ДКСКС е доставено се ова што тој го зборуваше, да се провери, рече Ковачевски.

Според него, кога се зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си погледне во сопствениот двор.

– Прашање ми поставува пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, чиешто седиште е синоним за криминал и за незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда во случајот „Талир 2“ е докажано дека дворецот што вреди седум милиони евра, е незаконски криминално стекнат врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои што тогаш биле на власт краделе од граѓаните, правеле имот, се луксузирале и на незаконски начин изградиле објект, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и во долгови во време кога минимална плата беше 9000 денари, кога три пати беше помала социјалната помош и кога немаше никаков закон за стечајните работници, рече Ковачевски.

Тој додаде дека такви милионски суми биле злоупотребени, а исто така и процедурите биле злоупотребувани.

– Деталниот урбанистички план за таа зграда трипати е менуван за да може партијата да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, на место на станбена зграда каде што било предвидено да никне хотел. И таа шема е докажана на суд. Затоа кога се зборува за имоти, треба прво да се погледне во сопствениот двор, одговори Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…