Ковачевски: Се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев како Мицкоски

t

Одлуката која што ја донесе Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на силината и стабилноста на владиното мнозинство, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако вчера партијата на Павле Трајанов соопшти дека во иднина ќе дејствува како опозиција.

Сепак Ковачевски вели дека го радува тоа што ДС кажа дека останува на европскиот пат и поддршката на такви одлуки.

-Досега не можеше да се види во пракса освен декларативно, бидејќи видовме и вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот за Фронтекс. Ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже во пракса. Тој уште во петокот го најави тоа во разговорот со мене. Се надевам дека како искусен политичарот господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација да стане заложник на Апасиев како Мицкоски, рече Ковачевски при посетата на село Ресава и традиционално закројување на лозје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…