Ковачевски се сретна со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска заедно со советничката за здравство доцент д-р Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, имаа средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза.
На почетокот од средбата, премиерот Ковачевски уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски, кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.
Ковачевски на состанокот посочи дека веќе се дадени насоки за итна набавка на лекот за најкритичните пациенти со оваа болест, за во најкраток можен рок да се набави, за што веќе се одобрени над 2,2 милиони евра.
Премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани, само затоа што има скапа терапија. Во Владата, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крај на следна недела треба да направат предлог измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија.
Дополнително, за прв пат ќе се подготви тригодишна Програма за пациенти со цистична фиброза, во која што ќе има буџетска предвидливост за секоја година за да може сите пациенти да го добиваат лекот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…