Ковачевски смирува: Има храна и енергенси, нема потреба да се активираат стоковите резерви

t

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.

Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.

За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…

Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…

Храната од 2021 година досега поскапела 46,7%…

Храната од почетокот на 2021 година до…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Светските цени на храната повторно пораснаа, најмногу…

Светските цени на храната пораснаа четврти месец…

Левица: Со европски цени и македонски плати,…

Иако платите се повеќе од 2,5 пати…