Ковачевски смирува: Скопјани нема да останат без греење
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека владата ќе ги врати лиценците, па на јавен повик ќе ги даде на државно управување за да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје. Одговарајќи на пратенички прашања, Ковачевски рече дека топлинската енергија во Скопје била негов предизвик уште на првиот ден на 17 јануари оваа година како премиер.
Вашата влада и вашиот премиер на време дозволил системот за загревање во Скопје, односно компаниите да бидат продадени на компанија од Кипар со основачки влог од 5.000 евра на компанија од Кипар, којашто треба да снабдува со гас, а таа компанија во Кипар нема лиценца за снабдување со гас и затоа Владата мораше да го преземе управувањето со топлинскиот систем во градот Скопје. Тоа е надлежност на градот Скопје, меѓутоа градот Скопје тоне премолчано, а сега јавно кажа дека нема начин, односно нема знаење, ниту ќе има со тоа да управува.
Компанијата којашто управува е приватна којашто е регистрирана во Кипар со 5.000 евра влог, а за тоа ќе мора да прашате која е таа компанија, кој ја избрал, како ја избрал, кај вас во партија. Затоа што во тоа време е дадена компанијата. Дали се тоа руски олигарси, дали не се руски олигарси, дали целиот систем го имаат заложено во банките во Луксембург…, ќе морате таму да прашате.
Не се работи само за топлинска енергија, се работи и за снабдување со електрична енергија. Бидејќи ако престане топлинската енергија во градот Скопје, тогаш ќе има пад на енергетската мрежа со оглед на тоа дека Карпош, Аеродром и Центар се проектирани за греење на топлинска енергија, рече премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…