Ковачевски: Со гордост се сеќаваме на храброста на македонските револуционери

t

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска упати честитка до граѓаните по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-На Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност. Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава, се вели во честитката на Ковачевски.

Нивната храброст и одлучност, како што потенцира премиерот, е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели.

-Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината. Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката на Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…