Ковачевски: Успешно се справуваме со увезената инфлација и ценовните шокови
Премиерот Ковачевски посочи на фактот дека инфлаторните движења во сите европски држави се идентични и тие произлегуваат од зголемената цена на енергенсите на светските пазари, од зголемените цени на храната но и од зголемените цени на суровините, со што дополнително се зголемува цената на транспортот и на производствените трошоци на преработувачката индустрија во секој сегмент.
Тој дополни дека е во постојаната комуникација и координација со Министерството за финансии и Народната Банка на Република Македонија за соодветно адресирање на инфлаторните движења преку фискалната политика, кои ги вклучуваат и 26-те мерки кои опфатија намалување на даноците, односно на приходите на државата, со цел да се намали ценовниот притисок, односно да нема зголемување на цените на електричната енергија, на горивата и на основите прехранбени производи.
„Сега секојдневно во Министерството за финансии се прават анализи до кога тие мерки се издржливи и на каков начин ќе бидат модифицирани со оглед на тоа што не смееме да ги доведеме производствените капацитети во ситуација да мора да работат со загуби бидејќи во тој случај ќе станат неликвидни и до сега одлично се менаџира тој процес”, истакна премиерот Ковачевски.
Ковачевски ги посочи и останатите мерки како што е планот за зголемување на производството на храна во државата, во чии рамки веќе се доделува државно земјиште за дополнително производство на жито во државата.
„Ме радува што на повикот за дополнителни 6.000 хектари имаше дупло поголем број на побарување од страна на земјоделците. Ги зголемивме субвенциите за производство на стратешки култури бидејќи во изминатите 30 години ова производство беше напуштено. Како држава да се вратиме на основните прехранбени суровини, односно да произведуваме жито, јачмен, сончоглед, она што секоја држава го прави особено во услови на криза бидејќи тоа се културите кои што се најмногу потребни и кои што нашите земјоделци знаат добро да ги произведуваат”, нагласи премиерот Ковачевски.
Тој потенцираше дека се воведени дополни субвенции за зголемено производство на жито и други стратешки култури и за прв пат од осамостојувањето е предвиден аванс за исплата на субвенции, односно пред отпочнување на работите, тогаш кога најмногу им е потребно на земјоделците, а остатокот ќе се добива согласно со планот за исплата на субвенциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлација од 4.3% во споредба со лани!
Државниот завод за статистика го потврди она…
Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто
Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто…
Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната
Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…
Ова е тоа „има и полошо“? Инфлацијата…
– Цените во Аргентина пораснаа толку драматично…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…