Ковачевски: Јас не се мешам во работата на судиите и обвинителите

t

Прашањата за било какви отворени постапки да бидат поставени до Обвинителството, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на прашањето за наводни злоупотреби во затворот во Шутка, Ковачевски потенцира дека за се што информираат медиумите, а постојат сомнежи, прво треба да интервенираат институциите.

-Сите институции треба да работат согласно законите и статутите, управувачките тела мора да работат согласно законите и правилата за добро управување. За се што информираат медиумите, а постојат сомнежи, прво треба да интервенираат институциите кои треба да обезбедат докази, но и понатаму, кога ќе бидат проследени до соодветните правосудни и обвинителски органи, тогаш единствено таму може да се добијат информации зашто тие се независни, Владата не се меша во нивната работа. Јас лично како премиер не се мешам во работата ниту на обвинителските, ниту на судските органи, потенцира Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…