Ковачев провоцира: Бугарија ја сака Македонија во ЕУ ама да се ослободи од југословенското наследство
По агресијата на Путин против Украина, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ сега мора да биде поддржана повеќе од кога било. Македонија е на тежок пат од зависна единица во поранешна Југославија до независна европска држава. Ова го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во пленарната сала на Европскиот парламент во Брисел на дискусиите за Извештајот за Македонија за 2021 година, пренесе БГНЕС.
„Бугарија ја поддржува Македонија во последните 30 години на секој начин на нејзиниот пат кон Европа. Нашето европско семејство мора да биде обединето и силно и способно да одговори на заканите и предизвиците околу нас. Во интерес на Кремљ би било во нашата ЕУ да има недоразбирање, омраза и дискриминација. Затоа сите овие теми кои водат до вакви негативни процеси мора да се расчистат пред почетокот на преговорите или барем да има гаранција дека ќе се решат во текот на преговарачкиот процес“, изјави Андреј Ковачев.
Според него, „интеграцијата е двонасочна улица која бара напори од двете страни“.
„Сепак, земјата кандидат треба да може да ја надмине инерцијата и зависноста од поранешната југословенска идеологија, која доведе до поделба и сеење омраза меѓу двете земји со заедничка историја како Бугарија и Македонија. Договорот со Бугарија мора да се почитува, особено во делот за историско помирување, врз основа на нашата заедничка историја, работата на Заедничката историска комисија да работи врз основа на оригинални документи, како и недискриминацијата на луѓето кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет. Мора да се преземат мерки за надминување на говорот на омраза, како што се промените во наставните програми и учебниците“, рече тој.
Ковачев смета дека „гаранција за напредок може да биде Преговарачката рамка, каде што можеме да земеме предвид што е направено на овие теми, без да се грижиме дали во Македонија ќе дојде друга влада, како што е денешната опозиција.“
„Ја повикувам политичката елита во Македонија да покаже храброст и лидерство за почеток на преговорите“, заклучи Ковачев за време на дискусиите за Извештајот за Северна Македонија за 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…