Кои се Хрватите што добиле милиони од Зекири?
Која е хрватската компанија од која веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, набавил физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“ во 4 очи, што, според Јавното обвинителство, било направено во незаконска постапка, поради што Зекири веќе е во притвор, додека хрватските државјани се недостапни?
Станува збор за консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое, според Централниот регистар, е формирано во земјава на средината на април, или само еден месец пред да ја добие првата исплата од Владата во износ од над 140 илјади евра.
Според податоците од базата „Отворени финансии“, во периодот од мај до декември ланската година, Владата на оваа компанија и префрлила вкупно 58 милиони денари или 942 илјади евра, при што последната трансакција од над 17 милиони денари или 278.5 илјади евра е најголема поединечна исплата.
Инаку, управител и малцински содружник на „Интерхолдинг“ е хрватскиот државјанин Данијел Иванагиќ, додека доминантен сопственик е хрватската компанија „Интерфинанце“, која, пак, според хрватскиот трговски регистар, е во сопственост на Денис Фудуриќ, со чие име се поврзуваат повеќе компании.
Како што пишуваат хрватските медиуми, брокерот Фудуриќ своевремено бил споменат во контекст на обвинението за злоупотреба при приватизацијата на компанијата „Хотели Задар“, додека Нет.хр неодамна објави дека неговата „Интерфинанце“ успеа да добие долгогодишен судски спор, по што државата треба да му исплати над 13 милиони куни бидејќи порано Агенција за надзор врз финансиските услуги му ја одзела лиценцата за работа.
Што се однесува до малцинскиот содружник на „Интерхолдинг“ – Иванагиќ, тој е долгогодишен генерален директор на поликлиниката „Вита“ во Вараждин, поранешен шеф на финансии на медиумскиот концерн „Европапрес холдинг“ под раководство на Нинослав Павиќ, а бил менаџер и во “Загребачка банка“.
Како што е познато, „Интерхолдинг“ на Иванагиќ и Фудуриќ изготвила физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“, која, според информации на Фокус, веќе била презентирана пред министри во Владата и доставена до „Пошта“. Меѓутоа, обвинителството смета дека за оваа студија не требало да се склучи договор во 4 очи, туку морало да се оди со меѓународен тендер.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканци ограбиле познат фудбалски тренер во Шпанија!
Шпанската полиција во рамките на акцијата „Небок“…
Кои се Хрватите што добиле милиони од…
Која е хрватската компанија од која веќе…
После краткиот молк повторно се јави Додик:…
Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина…
Ce рacпaѓa ли Бocнa? – Дoдиk бaрa…
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад…
(Анализа) – Кој е планот на играта…
По повеќе од четири месеци блокирање на…