После краткиот молк повторно се јави Додик: Против Босаницте, ќе соработува и со Хрватите

t

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ ги пофали вчера бошњачките политички партии за „цврстиот однос“ кон барањата на хрватските партии за измени на изборниот закон, додека неговиот колега во државниот врв Милорад Додик ги обвини бошњачките партии за неуспехот на преговорите во Неум.

Комшиќ и Додик повторно беа на сосема спротивставени позиции кога го коментираа изостанокот на договор за изборна реформа на тридневните преговори кои завршија вчера.

Договор не е постигнат бидејќи партиите на бошњачкото гласачко тело и хрватските партии не можеа да се усогласат за моделот на избор на членовите на Претседателството на БиХ од Федерацијата БиХ, како ни за начинот на гласање пратеници во Домот на народите на Федерацијата БиХ и овластувањата кои тоа тело во иднина би требало да ги има.

Комшиќ не учествуваше на преговорите со објаснување дека пред изборната реформа треба да се прекине блокадата на работата на органите на БиХ која ја спроведуваат претставниците на босанските Срби. Во првата реакција, по објавувањето на неуспехот на преговорите, сепак ја пофали согласноста меѓу бошњачките владејачки и опозициски партии во однос на барањата на ХДЗ БиХ и нивните партнери од ХНС.

Српскиот член на Претседателството на БиХ Додик, пак, неуспехот на преговорите во Неум го толкуваше како доказ за тврдењата дека во БиХ се спроведува обид на Бошњаците својата волја да им ја наметнат на Хрватите. Истакна дека е извесно дека Бошњаците повторно ќе се обидат да им го наметнат Комшиќ на Хрватите како член на Претседателството на БиХ ако изборите во октомври се одржат по постоечките правила.

„Тие тоа нескриено го продолжуваат спроведувајќи политика на мајоризација, политичко минимизирање на политичките претставници на Хрватите. Тоа сигурно не може да даде добра атмосфера ни добар успех во самата БиХ“, кажа Додик, истакнувајќи дека проблемот кој го има еден конститутивен народ е воедно проблем за сите три народи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Османи: Прво прием на Косово во Советот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…