Кокаин вреден седум милиони евра завршил во германски супермаркети
Пратки со банани од Јужна Америка, во кои имало вкупно 95 килограми кокаин, „по грешка“ завршиле во филијали на супермаркети во Западна Германија.
Според обвинителството, дрогата била пронајдена во единаесет маркети, пренесуваат германските медиуми. Вредноста на запленетата материја на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра.
Инспекторите веруваат дека погрешната пратка била доставена до централниот магацин и оттаму преку нормалниот дистрибутивен ланец била транспортирана до поединечни продавници. Надлежните се уште истражуваат од каде точно е запленетиот кокаин.
Според полицијата, пратката со банани пристигнала во пристаништето во Антверпен по поморски пат. Оттаму, стоката што содржела дрога најверојатно по грешка била испратена во продавниците. Пратката со дрога во кутиите со банани била откриена пред две недели од вработени во две продавници во Менхенгладбах, кои пријавиле во полиција.
Подоцна во текот на истрагата било откриено дека истиот ден, кутии со кокаин биле пронајдени и во продавниците на тој трговски синџир во Дуизбург, Крефелд и општините Вирзен, Хајнцберг и Нојс во Рајнската област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…