Објавено на:

Кокс: Постои огромна опасност од употреба на нуклеарно оружје во европа

t

Директорката на Директоратот за нуклеарна политика во НАТО, Џесика Кокс, денеска изјави дека постои огромна опасност нуклеарното оружје да се користи во Европа.

„Русија се заканува со нуклеарно оружје. Гледаме дека Владимир Путин и руските официјални лица коментираат за ова прашање. Влегуваме во време кога опасноста од употреба на нуклеарно оружје се зголемува во Европа. Мораме многу сериозно да ги сфатиме сите овие руски акции и закани“, изјави Кокс за финскиот весник „Илта Саномат“.

Меѓутоа, според неа, и покрај заострената реторика засега нема значајни промени во нуклеарната политика на Русија од почетокот на конфликтот во Украина.

„Важно е да се знае дека руското нуклеарно оружје е секогаш во состојба на готовност. Иако не се
гледаат значајни промени, не смееме да се олабавуваме“, рече Кокс.

„Навистина опасно е сценариото да се мисли дека нуклеарното оружје ќе биде употребено за првпат по повеќе од 70 години. Постојано сме загрижени за ова сценарио. Меѓуитоа, во моментов не гледаме дека работите се развиваат во таа насока“, кажа Кокс.

Таа нагласи дека НАТО во моментов не планира никакви промени во однос на базите за нуклеарно
оружје во Европа.

„Знам дека многу се зборува за тоа во медиумите, но мислам дека нуклеарното оружје што САД го постави во Европа е на добро место и нема причина да се смени нивната локација“, додаде директорката на Директоратот на НАТО за нуклеарна политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…