Колегите на убиениот матичен лекар, вo понеделник 4 часа нема да работат: Бараат Закон за заштита на докторите!

t

Управниот одбор на Здружението на приватните матични лекари одлучи во понеделник, 25 март 2024 година, целото приватно здравство да не работи од 12 до 16 часот.

Почитувани колеги, вчера е убиен наш колега матичен доктор Ацо Трповски на брутален начин. До сега ниеден министер не го донесе Законот за доктори и нивна заштита. Во знак на револт и во знак на почит кон колегата Управниот одбор на ЗПЛРМ одлучи цело приватно здравство да не работи на ден 25.03.24 од 12 до 16 часот. Ве молам да се почитува Одлуката на Управниот одбор на ЗПЛРМ. Да се почитуваме ние за да не почитуваат и институциите, напишала претседателката на ЗПЛРМ, доктор Лилија Чолакова Дервишова во известувањето до матичните лекари.

Матичниот лекар Ацо Трповски синоќа во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат дека тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од итната помош констатирал смрт а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Истражните органи преземаат мерки за расчистување на случајот. Во околината има безбедносни камери. Снимките се земени од полицијата по наредба на обвинител и треба да го откријат сторителот. Мотивите се непознати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…

Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…

Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…

Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Русија предупредува на обид за дестабилизација на…

Министерството за надворешни работи на Русија издаде…