Колумна на Трифун Костовски: Комерцијална банка

t

Актуелните политички збиднувања несомнено влијаат да се стави во заборав овој криминален чин направен врз Еуростандард банка поврзан со нејзино носење во стечај, со цел да се задскријат трагите на директните учесници и нивните соучесници за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени дека јас нема да дозволам Еуростандард банка да отиде во зоната на заборавот. Можеби ќе бидам и досаден за многумина од вас, меѓутоа ќе настојувам вистината да излезе на виделина.

Денес ќе пишувам за односот на Еуростандард банка и Комерцијална банка – банки кои почнаа со соработка во 2013 година.
За комуникацијата меѓу Управните одбори меѓу Еуростандард банка и Комерцијална банка бев запознаен, меѓутоа бев убеден дека и двата Управни одбори работеа како партнери за заеднички интерес и интерес на двете банки. Жалам што со големо закаснување некои нешта ми станаа појасни како се практикувала оваа соработка и каков е ефектот врз клиентите на двете банки, вработените во банките и акционерите во банките. Системот за користење на трансакциски сметки на правни и физички лица во многу случаи без знаење на нивните сопственици беше пракса која почна да се практикува и во самата Еуростандард банка, без мое знаење.

Ваквата пракса во Комерцијална банка веќе не е тајна дека многу одамна е присутна. Од 2013 година наваму, ние, акционерите во Еуростандард банка бевме во континуитет изложени на постојана докапитализација, бидејќи загубите во Еуростандард банка растеа. Од друга страна Комерцијална банка бележи секоја година раст, профит и поделба на дивиденти. Еден од главните акционери на Еуростандард банка, Фирмата Гофи од 2013 година е комплетно преселена со своите сметки во Комерцијална банка. За сите потреби каде во континуитет беа потребни свежи пари за докапитализација на Еуростандард банка, ние акционерите преку Гофи влеговме во кредитен однос со Комерцијална банка, токму од 2013 година. Нашите обврски ги исполнувавме во целост.

Во 2019 година поради лошите резултати и веќе потврдениот сомнеж во Управните одбори на Еуростандард банка и Комерцијална банка, ние акционерите го сменивме Управниот одбор и на чело на Еуростандард банка дојде Горан Трајковски. Само за неколку месеци, новиот Управен одбор ги отвори сите аномалии во соработката меѓу Еуростандард банка и Комерцијална банка. Во текот на целокупната долгорачна соработка меѓу овие две банки евидентно беше дека Комерцијална банка работи за профит и дели дивиденти, додека Еуростандард банка мака мачи да преживее.

Депонирани средства од Еуростандард банка од 3 милиони евра кои требаа да лежат како гаранција за добиениот кредит на Гофи од Комерцијална банка, и не смееа да се користат без согласност на Надзорните одбори на двете банки, беа комплетно исцрпени, односно депозитот веќе го немаше. Алармот дека нешто се случува во Еуростандард банка и дека влеговме во трагата на парите предизвика нервоза кај нашиот партнер и беше очигледно дека со доаѓањето на новиот Управен одбор, реториката меѓу овие две банки ќе стане многу напната. Фирмата Гофи, покрај гаранцијата од депозит на Еуростандард банка во Комерцијална банка, за својот кредит ги стави под хипотека деловните објекти Палата Македонија и Поштенска банка.

Во годините 2019, 2020, 2021, Комерцијална банка редовно делеше дивиденти во кои што нивниот Управен одбор редовно купуваше акции од Комерцијална банка и почнаа да се претставуваат во легитимацијата на Комерцијална банка како акционери и Управен одбор.

Со одењето на Еуростандард банка во стечај во 2020 година, фирмата Гофи, беше фрлена на колена и денес ја одржуваме во живот само со цел да можеме да ги продолжиме судските постапки во Македонија, а утре можеби и надвор. Хипотеките на Палата Македонија и Поштенска банка, станаа сопственост на Комерцијална банка кои днеска ги продава. Вкупната обврска на Гофи во Комерцијална банка беше 6,4 милиони евра. Деловн простор од вкупно 6,500 м2, во строгиот центар на Град Скопје, беше под хипотека во Комерцијална банка, а тоа се Палата Македонија и Поштенска банка. Замислете, Палата Македонија е отуѓена на актуелен акционер во Комерцијална банка далеку под објективната пазарна вредност. Останува да се продаде објектот на Поштенска банка.

Прашувам отворено, дали и овој објект Комерцијална банка ќе го отуѓи на својот партнер од Бугарија, Централна Кооперативна банка по цена многу пониска од пазарната? Не е шпекулација дека оваа банка од Бугарија со години наназад беше заинтересирана да го купи овој објект, меѓутоа била убедувана дека преку Комерцијална банка ќе го добие многу поевтино.
Почитувани читатели во какви сурови апсурди функционира Македонија!

Стручниот извештај кој се работи по моја нарачка е веќе готов. Банкарскиот систем во Македонија е длабоко криминализиран и функционира како надуван балон кој може да пукне во секој момент. Јас, ја формирав Еуростандард банка како грин-филд инвестиција, што е единствен случај во Македонија. 20 години инвестирав во банката, а некои однадвор и однатре во континуитет ја уништуваа. Кој треба да го брани мојот интерес од вакви организирани структури во системот? Јас? Системот, пред сѐ Народна банка, Обвинителство и судство треба да бидат институциите кои треба да ми го чуваат и бранат мојот капитал. Така функционира современиот свет, меѓутоа кај нас, во Македонија функционира системот на криминогени умови кои со малверзации стануваат преку ноќ богати користејќи го токму системот на државата за свои интереси. Државата станува најголемата корпорација.

Почитувани читатели, јас продолжувам во мојата мисија и ги повикувам сите институции и индивидуи кои сметаат дека со прст ги обвинувам да преземат правни мерки и официјално да ме обвинат.
Следи во многу близок период детален извештај за малверзациите на реалција Еуростандард банка – Комерцијална банка, каде Еуростандард банка станува депонија на лошите пласмани на Комерцијална банка.

Вие почитувани читатели размислете и следете ме. Убеден сум дека многу работи во Македонија ќе бидат појасни во моментот кога вистината ќе излезе на виделина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…