Комисијата за заразни болести не го разгледала предлогот за укинување на маските во училиштата: Но еве што предложи

t

Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок, на кој предложила нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека на состанокот денеска не било дикутирано за маските, но дека ставот е претходно познат – за укинување е рано да се расмислува поради малиот процент на целосно вакцинирано население.

-Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките, рече Мехмедовиќ.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати.

-Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата и таа треба да процени дали маските веќе не се толку важни. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, рече Шаќири.

Новата методологија што ја предлага Комисијата за заразни болести за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик ќе се темели на три индикатори за период од последни седум дена: бројот на новооткриени случаи и бројот на хоспитализации на 100 000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети. Епидемиолошкиот ризик, според предлогот на Комисијата, ќе се класифицира како низок, среден или висок и за секоја од проценетите состојби ќе има сет мерки.

Комисијата во соопштение објасни дека со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми.

-Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем. Според овие параметри, се предлага епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките, соопшти Комисијата за заразни болести.

Извор: Вечер.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во сериозна неизвеност се доведени исплатата…

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска…

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство…

Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…