Комуналните претпријатија се заканија со парализа на државата: Или ќе ни дадете пари за струја или ќе останете без вода!
Јавните комунални претпријатија на Општините низ земјава најавуваат рестрикции на вода и може да го доведе во опасност функционирањето на државата, ако владата не ги исполни нивните барања, односно не им даде пари да ја платат струјата, апелираа на прес конференција Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ.
Тие бараат итна средба со Министерството за транспорт и врски бидејќи со раскинување на договорите со моменталните снабдувачи на електрична енергија, се очекува зголемување на енергија на слободен пазар, при што јавните комунални претпријатија ќе работат само за да ја платат сметката за струја, рече Иван Иванов претседател на Управниот одбор на АДКОМ.
– ЈКП даватели на водни услуги нема да бидат во можност да обезбедат континуитет во давањето на водните услуги, со што, имајќи ја предвид постоечката криза и значењето за водата за животот и здравјето на населението и формирањето на сите други субјекти, може да го доведе во опасност целокупното функционирање на државата, вели Иванов.
АДКОМ бараат од Владата да ја разгледа можноста ЈКП да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕСМ, по исти тарифи како котларниците, топлотните станици, училиштата и сите други институции што се со повластена тарифа.
Доколку не се преземат мерки, Иванов апелира дека ќе бидат принудени да спроведат рестрикции во потрошувачката на електрична енергија, што ќе значи исклучување од работа на пречистилните станици за отпадни води како најголеми потрошувачи.
– Бараме и итно враќање во собраниска процедура на законот со којшто се врши отпис на камати и репрограмирање на долгови што ЈКП ги имаат спрема државните институции, вклучувајќи и долгови што ќе настанат во период додека трае енергетската криза. Со оваа мерка ќе се олесни работата на ЈКП и ќе се ослободат од блокадите што ги имаат, но ќе успее и исплатата на покачената плата, порача тој.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Инфографик) Задолжена Македонија: „Вечните должници“ натрупале долг…
Над една милијарда и 240 милиони евра…
Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…
Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…
Ново поскапување во најава?! Ако Владата не…
Во име на здружението АДКОМ кое ги…
Комуналните претпријатија се заканија со парализа на…
Јавните комунални претпријатија на Општините низ земјава…
Чомовски, Тричковски и Иванов: Оркестрирано сите yдpија…
Никола Димитров си стави мета на грбот…