Ново поскапување во најава?! Ако Владата не помогне, ќе се зголемат сметките за вода!

t

Во име на здружението АДКОМ кое ги обединува јавните комунални претпријатија, даватели на комунални услуги кои функционираат на територијата на целата држава упатуваме јавен апел до владата за помош, за справување на последиците од тешката економска криза која се чувствува и во нашето работење.

Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на бензините кој е речиси сто процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење.

Како претпријатија кои сме даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макро економски предизвици со кои се соочуваме.

Повеќе години цените на услугите кои ги даваме за граѓаните се на истото ниво и покрај тоа што трошоците за електрична енергија се покачени за 3 до 5 пати, и покрај тоа што бензините се зголемија за дупло од цената која беше пред година и половина. Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква состојба излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги.

Владата како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи што директно имаше импакт врз нашето финансико работење и опстојување, бараме да излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите.

Воедно спремни сме за средба на која ќе разговараме за кртичната состојба во нашите претпријатија бидејќи кризата го доведува во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги и квалитетно снабдување на вода за пиење. Ваквите примери на субвенционирање на трошоците во работењето на притпријатијата од ваков тип на услуги е воведен пример во повеќе европски држави.

Воедно владата веќе се обврза на секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот, при што бараме да ја има во предвид најсуштествената област а тоа е цената за вода за пиење и цената на услугите за собирање на отпадот. Не сакаме да се доведеме во ситуација на уште еден ценовен удар што би значело повисоки сметки за граѓаните на кое ќе бидеме приморани доколку владата нема слух за нашите барања и потреби, велат од АДКОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

(Видео) ДПМНЕ од нашата земја: Заменик министерката…

Заменик-министерката за финансии во техничката Влада, Елена…